Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 28 до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 34 степени.

Од понеделник до среда времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Максималните дневни температури ќе достигнат и до 39 степени.