Сончево и топло време ќе преовладува до утре попладне, кога ќе започне да се зголемува облачноста, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Се очекува денешната минимална температура да биде во интервал од 7 до 16, а максималната да достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, се очекува сончево и топло време со слаб ветер од југоисточен правец. Најавено е минималната температура да се спушти до 12, а максималната да достигне до 31 степен.
Според синоптичарите, в недела ќе има поголема промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Се најавува да дува засилен северен ветер, што ќе продолжи и в понеделник, кога се очекува да предизвика значителен пад на температурата за 8 до 10 степени.
Фото: МИА архива