Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде од 10 до 19, а максималната од 28 до 36 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 36 степени.
Според УХМР, од петок следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.
Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе и во Берово 10 степени, а највисока или 18 степени во Кавадарци, Виница и Штип.
Како што информира УХМР, 12 степени се измерени во Маврови Анови, 14 во Битола, Попова Шапка, Крива Паланка, Претор, Тетово и Прилеп, 15 во Охрид, Крушево и Струмица, 16 во Скопје-Петровец, Куманово и Велес, 17 во Демир Капија, Гевгелија и Скопје-Зајчев Рид.