Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб западен, а во источните делови умерен северозападен ветер.
Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Утринската температура ќе се движи од шест до 14 степени, а дневната температура од 14 до 26 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб умерен северозападен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната температура до 23 степени.
Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат во понеделник и вторник, кога врнежите ќе бидат пообилни, на места поројни проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.