Синоптичарите за денеска прогнозираат облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд.

Како што соопштуваат од Хидрометеоролошкиот завод, на места, особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат.

На фотографијата е последната сателитска снимка од УХМР за временската ситуација.

Прогнозата од УХМР за наредните три дена е следнава:

Вторник 16 април:
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 13°С до 18°C
Променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Среда: 17 април
Минимална температура: -1°C до 7°C
Максимална температура: 15°C до 21°C
Сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер.

Четврток: 18 април
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 14°C до 20°C
Сончево со умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи.