Сончево и топло со слаб северен ветер, прогнозираат од УХМР за денеска во Македонија.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до 7 степени, а максималната дневна од 22 до 29 степени Целзиусови.

Во Скопје и колината слично време со утринска температура од 3 степени, а максималната дневна ќе достигне до 26 степени.