Времето во Македонија ќе биде претежно облачно.
Ќе има врнежи од дожд, услови за локална појава на замрзнат дожд а на планините врнежи од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите во текот на денот и ноќта кон среда ќе преминуваат во снег и на повисоките места каде што ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната температура ќе се движи од четири до 10 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно.Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до пет степен.
Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините.