Времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Во раните утрински часови во источните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Попладне на повеќе места ќе има сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје претпладне облачно со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во вторник ќе дува засилен до силен ветер од југоисточен правец, а кон крајот на денот и во среда претпладне се очекуваат нови врнежи од дожд. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди.