Времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има појава на краткотрајна нестабилност претежно во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец кој краткотрајно ќе е поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степени. УВ=8
Во Скопје претежно сончево и малку потопло со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 30 степени.
За време на викендот во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Особено нестабилно ќе биде во сабота кога процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на град.