Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени.

Во Скопје претпладне со магла и ниска облачност, попладне сончево. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 18 степени.

Ќе се задржи претежно сончево, а од недела и значително потопло време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.