Времето денеска во Македонија ќе биде умерено до значително облачно и студено. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната од 2 до 10 степени.

Во Скопје, претежно облачно со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 степени

Следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени локални врнежи од снег.

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -8 степени, во Маврово и во Крушево се измерени -5, во Берово и Крива Паланка -4, во Штип, Дебар, Виница и Претор -3, во Охрид, Тетово и Струмица -2, а во Битола и Прилеп -1. Еден степен над нулата е во Скопје и Куманово, два во Демир Капија, а максимални три степени се регистрирани во Дојран и Гевгелија.

На Попова Шапка има и најмногу снег 55 сантиметри, во Маврово снежната покривка е 36, а во Крушево 16 сантиметри.