Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините само од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од еден до девет степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд и со појава на магла. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе достигне до четири степени.

Од петок до недела се очекува стабилно време со значително затоплување, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. По котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.