Времето ќе биде променливо облачно претежно во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините и понекаде на повисоките места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -3, а максималната ќе достигне од 4 до 8 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб ветер од променлив правец и услови за појава на краткотраен дожд во делови од регионот. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 3 степени.

Дебеска и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и повисоките места особено во западните делови врнежите ќе бидат од повремен снег од што ќе се зголеми снежната покривка. Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и понекаде краткотрајно од снег. Од утре ќе започне почесто да дува умерен до повремено засилен јужен ветер кој што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во најпрвин во постепен пораст, а дневните позначително кон крајот на работната недела.

Утрово најстудено во Берово со минис 9 и Скопје-Петровец со минус 7 степени

Во Берово во 7 часот изутринава се измерени -9 степени, во Скопје-Петровец – 7, во Штип, Струмица, Демир Капија, Велес и Куманово – 6, а – 5 во Крива Паланка, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија. Четири степени под нулата се регистрирани во Битола и Тетово, -3 Прилеп, -2 Виница и Дебар, -1 Дојран, Крушево, Маврови Анови и Претор, а 1 степен во Охрид, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Вистината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува пет сантиметри.

Во текот на ноќта времето беше студено особено во источните делови од земјата. Од запад се прошири умерена променлива облачност. Утринава во централните делови е претежно облачно, а температурата на повисоките места е над нулата и дува претежно умерен југозападен ветер.

Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно претежно во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, а на некои пониски места краткотрајно врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени.