Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремен локален снег, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец, особено во североисточните и западните делови од земјава.

Максималните дневни температури ќе бида во Скопје 5 Целзиусови степени, Маврово -1, Охрид и Битола 4, Крива Паланка и Берово 3. Кавадарци 7, Дојран 10 степени.

Утре и задутре ќе преовладува сончево време со мала облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 9 степени, Маврово 3, Охрид и Крива Паланка 7, Кавадарци 10, Берово 5, Дојран 12.

И во недела дневните температури ќе се движат од 7 до 14 степени.