Сообраќајот на државнита патишта се одвива тековно и по влажни коловози на повисоките места во северозападните, западните и југозападните делови од државата.

-Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Маврово, а со слаб интензитет во Крушево, Кичево, Македонски Брод, Делчево и на планинските превои Буково и Ѓавато, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопшти  Автомотосојузот на Македонија и апелира да се вози внимателно и брзината да се присподоби според условите на патот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез.