Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска нагласи дека во акцијата на специјалните единици на Косово, наречени Росу, уапсени се 23 лица од српската и бошњачката националност во северниот дел на Косово, претежно членови на косовската полиција.

Според него, тоа е обид „за целосна криминализација на нашиот народ“.

Вучиќ во српскиот Парламент рече дека досега на територијата на северниот дел на Косово специјалните единици упаднале со 73 претежно оклопни возила, додека повеќе од 50 возила чекаат во јужна Митровица, 15 во општина Србица, а осум се веќе испратени во реонот на општина Зубин Поток.

– Досега се уапсени 23 лица од српската и бошњачката националност на територија на три општини – Косовска Митровица, Лепосавиќ и Зубин Поток, рече Вучиќ.

Тој потсети дека Белград имал сознанија дека тоа ќе се случи и дека на домашната и меѓународната јавност и претставниците на ЕУ на 17 мај оваа година им било предочено дека на Косово се подготвува апсење на десетици лица во северниот дел, под изговор за борба против организиран криминал и корупција, и дека тоа ќе предизвика голема вознемиреност и страв кај Србит