Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им порача на Приштина и на сите други дека земјата Србија нема да им биде предадена на тацна, онака како што тие би сакале и дека Србија припаѓа на српскиот народ.

– Мора да ја спасиме државата, ќе успееме да привлечеме инвестиции и да го зголемиме БДП и платите и пензиите и да го зголемиме животниот стандард, но мора да ја спасиме нашата земја“, рече Вучиќ на Конгресот на СНС.

Тој вели дека во изминатите денови може да се види многу нелогичност за настаните на Косово и Метохија.

– Овие наши западни пријатели и партнери велат, Приштина го деескалираше конфликтот откако ги одложија изборите и само 15 часа пред да дојдат со долги цевки да заземат четири простории на општинските изборни комисии на северот на Косово. Петнаесет часа претходно не знаеја што ќе направат, истакна Вучиќ.

Тој посочи дека приштинските власти апсат и малтретираат Срби, а велат и дека работат на деескалација. А потоа утрото го уапсија Срѓан Трајковиќ, наводно обвинувајќи го за воени злосторства, иако речиси девет години работел во косовската полиција, а сега не контактира со семејството и не добива лекови, рече Вучиќ.

– Државата Србија нема да ви ја дадеме за ништо на светот, не сонувајте за тоа, никогаш нема да ја добиете, државата Србија им припаѓа на нејзините граѓани и на овој народ, рече Вучиќ.