ЕУ не треба да ги укине санкциите што и ги наметна на Русија поради конфликтот во Украина, дури и ако тие немаат моментален ефект, бидејќи тие функционираат како диета, изјави денеска највисокиот дипломат на Европската Унија Жозеп Борел, пренесува РТ.

Говорејќи на пленарна седница на Европскиот парламент, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи ги коментираше повиците од Западен Балкан кои го повикуваат Брисел да ги отстрани антируските ограничувања.

– Не можеме да ги укинеме санкциите додека тие не го постигнат својот ефект. Можеби влијанието нема веднаш да се почувствува, но, диетата со санкции мора да остане на сила, инаку килограмите што веќе сте ги изгубиле многу лесно повторно ќе ги облечете, алегорично рече Жозеп Борел.

М.П.