По повод 8-ми септември – Денот на независноста вечерва ќе се изврши почесна артилериска стрелба во Скопје.

Од АРМ информираат дека во 18:30 од касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на пет плотуни од артилериски орудија од страна на артилерискиот баталјон на Армијата на Македонија.