Намалени се откупот и продажбата на речиси сите земјоделски производи, соопшти Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2020 година откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 2.610.853.000 денари, што во однос на истиот период лани претставува пад од 16,2 процента.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуални производители е забележано намалување за 17, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство намалување за 15,5 проценти.

Тоа се бројките од Државниот завод за статистика, а политичката пропаганда на власта е дека тие создадоа услови за „побогати и подостоинствени земјоделци“.