Актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов околу 15.000 гласа предност направил во општините каде што доминира население кое не е од македонска националност. Најголема предност во Скопје Шилегов има во Чаир. Таму тој на околу 80 отсто обработени избирачки места има близу 7.000 гласа разлика.

Некаде околу 5.700 гласа разлика Шилегов направил во Сарај а уште близу 2.100 гласа предност има во Шуто Оризари. Од општините каде што доминираат етнички Македонци, Шилегов предност има единствено во скопски Центар каде води со нешто над 700 гласа. Во сите останати општини во главниот град предноста ја има независната кандидатка Данела Арсовска.

Во Ѓорче Петров Арсовска води со 1.800 гласа. Нејзината предност во Карпош е 1.400 гласа а во Бутел околу 500 гласа. Во Гази Баба Арсовска направила 6.500 гласа предност а во Аеродром околу 5.000 колку што е предноста и во Кисела Вода.

На 86,63 проценти преброени гласови, Арсовска има 73.508, додека Шилегов 69.130 гласови.