Наспроти големиот интерес за студирање информатички технологии на ФИНКИ, разочарувачки низок интерес за студирање македонски јазик и македонска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје по првиот уписен рок за студенти за академската 2022/23 година, што го распиша Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Како што објави Фокус, на насоките Македонски јазик и Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, сосе вонредни студенти, се запишале вкупно 16 од кои осум на Македонски јазик, седум на Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, плус еден вонреден студент.

На конкуросот што го објави УКИМ, во овие две насоки е планиран упис на вкупно 190 бруцоши.