Ејми од Лондон (19) ја продава невиноста преку специјализираниот сајт „Синдарела ексортс“, за да живее подобро и да му помогне на семејството, а цената веќе „скокна до небо, околу 1.200.000 милиони евра и уште расте.

Во потрагата по „вистинскиот” Ејми веќе се сретнала со тројца богаташи: банкар од Волстрит, германски бизнисмен и еден фудбалер, за кој рекла дека е „супер кул”.

Сајтот „Синдарела ексортс“ тврди дека лекарот утврдил дека Ејми е невина и и издал сертификат. Ејми вели оти се посоветувала и со психијатар пред да се одлучи на ова.

-Сакам да ја продадам невиноста преку „Синдарела ексортс“, бидејќи долго и длабоко го промислив тоа. Ова ми е вистинска можност да го подобрам својот живот, да му помогнам на моето семејство како тоа што ми помогна на мене, вели Ејми.

Таа сака да патува низ светот, да се школува.

-Сфатив дека продажбата на невиноста ми е фантастична можност, вели Ејми.

Освен што е млада и убава, Ејми во соите квалитети кои ги истакнала на сајтот наведува дека сака суши, шопинг, шампањ и патување низ светот.

-Тоа е мое тело и мислам дека имам право да правам што сакам со него, потенцира таа.