При археолошки ископувања во Темната пештера во провинцијата Малополското Војводство во јужна Полска, откриени се останки на дете неандерталец, стари над 100.000 години.

Останките се и официјално, најстарите откриени на територијата на оваа држава. Според Павел Валде-Новак, професор во Јагелонскиот Универзитет во Краков, археолозите установиле дека наодите, односно коски од рака, се од седумгодишно дете, и биле глодани од поголема птица.

Претходно, за најстари во Полска се сметаа три заба од пред 50.000 години.