За ПЦР тест во внатрешноста на земјава се чека 3-4 дена, а во Скопје и по една повеќе од една недела, потврдуваат матичните доктори.

За 24 вести велат дека додека чекаат за тест дел од пациентите оздравуваат.

-На терен имаме проблеми, во секој град е исто. Се чека од 3 до 4 дена, во Скопје се чека од 7 до 11 дена. Не секој има финансиски средства да отиде на приватно. Во последниот случај имам тројца членови од едно семејство кои што се позитивни, чекаа тест, а сите се болни, дадена им е терапија, секако дека се покриени, но мораме да ги тестираме, немаат сите пари да прават и тестови за антитела на приватно, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни матични лекари.