Црна Гора денеска воведе нови мерки, што првенствено се однеуваат на условите за влез во земјата.

Во Црна Гора ќе може да се влезе само ако нејзините граѓани и туристите покажат дека се вакцинирани против Ковид-19, да прикажат ПЦР тест не постар од 72 часа, да имаат потврда дека прележале или со брз антигенски тест не постар од 48 часа.

Лицата кои не ги усполнуваат ниту еден од наведените услови ќе мора да бидат во самоизолација 14 дена.

Мерките стапуваат во сила утре и ќе важат до 10 септември.

Во Црна Гора и понатаму се забранети големи собири во затворено, на отворено дозволени се до 50 полнолетни лица со почитување на мерките – носење маски и држење дистанца.

Црногорската Влада предлага и училишниот час наместо 45 да трае 30 минути.