Наспроти „реформата“ на министерката за образование Мила Царовска од неговата влада, премиерот Зоран Заев во „Само интервју“ на Канал 5 објасни зошто историјата е примамлива за учење преку трагичната судбина на војниците на царот Самоил, пишува Република.

Не можете да не напишете за цар Самоил дека имало 14.000 војска и сите биле ослепени, а на секој стоти му било оставено по едно око. Мислам, тоа па ја прави примамлива историјата за учење. И нашите викаат: ‘О.К., дајте да ги додадеме и овие работи, коишто немаат ништо против Бугарија, е најновиот „бисер“ на претседателот на Владата во врска со несогласувањата на македонските и на бугарските историчари од Мешовитата комисија.