Рочиштата овој месец почнаа често да се одложуваат, за разлика од не толку одамна кога судењата траеја и во „трета смена“, а судовите беа со набиена агенда и се случуваше некои обвинети во ист термин да бидат поканети на две судења.

Така е и со денешното рочиште за настаните од 27 април, кои во медиумите блиски до власта беше нарекуван „крвавиот 27 април“. Но, по промената на Уставот и името на Република Македонија во Северна, епитетот „крвав“ е заменет со „случувања“, отвореното судство „како пупка“ е порелаксирано од набиената агенда на судења на „Т“, а зачестија и одложувањата на рочишта…

И денешното судење за случувањата на 27 април преклани во Собранието на Република Македонија се одложува за 31 јануари бидејќи Апелација се уште нема одговорено на сите жалби по барањата за амнестија.

Судијката Добрила Кацарска, на почетокот на денешното рочиште извести дека се уште не се правосилни сите одговори по жалбите на одбиените барања за амнестија од Апелација.

– За Абдулфета Аљими била закажана јавна седница на Апелација за петок, но не се одржала и е закажана за денеска. Обвинителката Вилма Рускоска следната недела ќе биде службено отсустна и тие рочиштата се откажуваат, па следното рочиште ќе се одржи на 31 јануари, изјави Кацарска.

На обвинителна клупа остануваат петмината кои не побараа амнестија: екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, началникот во МВР за униформирани лица Душко Лазаров, еден од водачите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Јане Ченто и Игор Југ од патриотските здруженија, како и 13 обвинети чии барања за амнестија беа одбиени.

Судот ги одби барањата за амнетсија на Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Горан Ѓошевски, Митко Пешов, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашо Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски.

Судот на почетокот информира дека обвинети кои се во притвор не се спроведени поради економичност на постапката бидејќи денешното рочиште ќе се одложува.

На следното рочиште би требало да се изврши промена на обвинителниот акт согласно Законот за амнестија и да се започне со завршни зборови.

Русковска: Нема суштински измени за обвинителниот акт

Обвинителниот акт за случајот „27 април“ не претрпи суштински измени и останува истото кривично дело, изјави денеска пред Кривичниот суд јавната обвинителка Вилма Русковска.

– Обвинителниот акт не претрпи суштински измени. Има прецизирања со оглед на дополнителните докази кои беа презентирани. Со оглед на Законот за амнестија мораше попрецизно да се објасни кој од обвинетите што направил, а тоа ќе биде во завршни зборови, изјави Русковска.

На новинарско прашање дали тоа значи дека останува истото кривично дело, обвинителката Русковска, рече „да“.

Денешното рочиште за насилтвата во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, се одложи за 31 јануари, бидејќи како што информира судијката Добрила Кацарска, се уште не се правосилни сите одговори по жалбите на одбиените барања за амнестија од Апелација.

– За Абдулфета Аљими била закажана јавна седница на Апелација за петок, но не се одржала и е закажана за денеска. Обвинителката Вилма Рускоска следната недела ќе биде службено отсустна и тие рочиштата се откажуваат, па следното рочиште ќе се одржи на 31 јануари, изјави Кацарска.