Бугарија е пријателска земја и јавно истакнува дека го признава македонскиот јазик и македонскиот народ, објави премиерот Зоран Заев.

– Да им дадеме простор и поддршка на историчарите да работат на историјата, а ние да градиме пријателства, македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори. Бугарија е пријателска земја и јавно истакнува дека го признава македонскиот јазик и македонскиот народ. Уште еднаш ги охрабрувам комисиите да продолжат да работат низ духот на пријателството, да ги наоѓаат заедничките историски периоди коишто нѐ поврзуваат, за заедно да ги славиме. А тоа полека да нѐ сплотува и зближува како добри соседи и како две пријателски земји, објави Заев на својот официјален профил на Фејсбук.

Во објавата не го споменува ни „долгото ни краткото име“ на земјата на која е премиер, а под објавата ги става само симболите – знаме на Македонија и на Бугарија.