Денес нема непродуктивни трошења, затоа има пари со кои за четири години реализиравме над 7.000 проекти, објави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.
– Нека биде запамтено дека реконструиравме и изградивме: 60 детски, градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 болници и здравствени установи, 20 домови на култура, библиотеки, театри и општински згради. Градиме држава и градиме општини кои се развиваат. Го слушаме гласот на граѓаните, објави Заев на Фејсбук.
Што да се додаде на оваа „грандиозна бројка“ од изградени болници, училишта, градинки… И згора на тоа имаше пари и за снајки иноваторки, за лубриканти и за тренирање магариња.