Сите семејства чии месечни примања не надминуваат нето износ од 22.000 денари, можат да се пријават на јавниот повик и да добијат ваучер во вредност од 15.000 денари, порача премиерот Зоран Заев преку својот официјален профил на Фејсбук.
Тој ги поканува на годишен одмор, во некој од бројните хотели, сиромашните и работниците со ниски примања.
– Корисниците на овие ваучери ќе имаат на располагање голем број категоризирани хотели во земјата, со што го стимулираме и развојот на домашниот туризам, кој во 2018 бележи раст од 12 отсто во однос на 2017-та, пишува во поканата од Заев за годишен одмор на сиромашните.