Владата и граѓаните се на истата страна во борбата против корупцијата. Два месеци после објавата на владината #Акција21 – Европски стандарди дома, денеска на седница ги усвоивме деталите од Планот за борба против корупцијата, кој ќе придонесе за ред, правда и дисциплина.
Планот е производ на политичката волја, како Влада да се избориме за искоренување на корупцијата. За тоа воспоставивме јасни механизми за соработка меѓу сите институции и ги охрабривме и граѓаните и медиумите да зборуваат јавно и гласно.
Беа одржани бројни консултации со најважните институции и граѓански организации, ги собравме најважните препораки и совети за да изготвиме план кој ќе даде брзи ефекти и ќе се применува веднаш – објави Зоран Заев на својата фејсбук страница.