Името и дејноста на Гоце Делчев се вплетени во македонската историја како синоним за една автентична и искрена борба и пожртвуваност, како синоним на македонската државност кој има најголема моќ во паметењето на Македонците, објави денеска премиерот Зоран Заев.

– Денеска, на денот на загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, го чествуваме како инспиратор и апостол на македонската револуционерна организација која се бореше за остварување на историската идеја за правото на Македонците да го остварат вековниот сон за своја самостојна држава. Секоја година на датумите врзани за животот на Делчев, како и на денешниот ден кога се сеќаваме на неговата погибија пред 118 години, се поклонуваме пред и за Гоце Делчев, во име на реализацијата на неговиот завет до идните поколенија да го остварат неговото и делото на плејадата македонски револуционерни дејци за формирање македонска држава која ќе биде рамноправна во културниот натпревар на народите, објави Заев на Фејсбук.

Заев, денеска на чествувањето на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас не се појави, но еве тоа го прави на Фејбук.