За денешното „чествување“ на македонскиот апостол Гоце Делчев, од претседателот на државата за која великанот го дал и својот живот, нема доволно материјал да се направи ни вест.

– 118 години од смртта на водачот на македонското револуционерно националноослободително движење, гласи целата објава од „чествувањето“ на Стево Пендаровски на Фејсбук.

Дури не се споменува името на Гоце Делчев, кое за волја на вистината го има на фотографијата во објавата.

Пендаровски, како и премиерот Зоран Заев, испрати свои претставници на чествувањето на македонскиот великан Гоце Делчев, но претседателот и премиерот не присуствуваа.