Продолжува градбата на експресниот пат Штип – Кочани, делницата Крупиште – Кочани со должина од 13,8 километри, објави премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

– Овој експресен пат има извонредно значење за граѓаните, особено на земјоделците и за оризопроиводителите да се движат полесно и да имаат подобар пристап до нивите, а од нивите и до откупните центри. Затоа велиме дека токму овој пат ќе ни ги развива нашите села онолку колку што ќе ги поврзува кочанчани со штипјани, напиша Заев на Фејсбук со додавка на хаштагот „ГрадимеПоПлан“.