Не се работи за наша несериозност во набавката на вакцините, изјави денеска премиерот Зоран Заев, кој минатиот месец објави дека вакцините ќе стигнат да помине кинеска Нова година, потоа најави и руски вакцини, па сега уште чека вест за утоварот на вакцините.
-Не се работи за наша несериозност во набавката на вакцините. Едноставно, има недостаток во нивното производство. До крајот на март ќе добиеме 21.000 вакцини од Фајзер, а потоа следуваат и кинеските, и вакцините од Русија. Апелирам дека сите треба да се вакцинираме, да ги следиме упатствата на експертите и здравствените работници, изјави Заев,
Тој ваков одговор даде на новинарско прашање, на официјалниот почеток на изградба на далекуводот Штип – Овче Поле.