Јас го сакам мојот другар Алексис Ципрас со кого изградивме лично пријателство, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за најавите на грчкиот премиер Ципрас за предвремени парламентарни избори и како тоа ќе влијае врз Договорот од Преспа.

Одлуките на политичарите кај сите соседи, рече Заев, така и во соседна  пријателска Грција се одлуки на политичарите, потоа следуваат одлуки и на граѓаните, а ние одлуките ќе ги почитуваме, изјави Заев.

– Јас го сакам и го почитувам мојот другар Алексис Ципрас. Изградивме лично пријателство. Дури и повикав граѓаните да градат такво пријателство, како јас што сум изградил со премиерот Ципрас. И ние веројатно ќе останеме пријатели и другари до крајот на животот без разлика дали тој ќе биде премиер или јас ќе бидам премиер. Јас знам дека Договорот носи само бенефит. Договорот е ратификуван во двата парламента, јас знам дека нема политичар кој  тргнува против интересите на граѓаните што носат договорите. Така иднината на овој Договор е загарантирана и ќе биде позитивна, објасни Заев.

Секако, како што рече, граѓаните одлучуваат кога нас не носат на власт, а кога не менуваат од власт и како ги поставуваат своите постулати во своите земји.