Со ребалансот на Буџетот ќе следува распределба на уште повеќе пари кај граѓаните, вели премиерот Зоран Заев.

– Буџетот и со овој ребаланс продолжува да дистрибуира повеќе пари кај граѓаните. Ребалансот на Буџетот значи нови пари насочени директно кај граѓаните. Новите економски мерки ќе значат зголемување на платите, како и дополнителни 200 милиони денари за активни мерки за вработување и самовработување на младите, за да ги мотивираме да останат во земјата, ветува Заев на Фејсбук.

Од сето ова едно е сигурно: Никогаш досега и ниедна Влада не насочувала повеќе пари кон граѓаните преку Фејсбук.