Фудбалерите ме поканија да се сретнеме и јас со задоволство прифатив, но претседателот на ФФМ, господинот Мухамед Сејдини не дозволи средба, изјави премиерот Зоран Заев.

Но, Заев е упорен да се види со фудбалерите од репрезентацијата на Македонија, во пресрет на дебито на Европското првенство,

– Господинот Сејдини не дозволи средба ниту во просториите на ФФМ, ниту во ресторан. Сепак, јас и фудбалерите деновиве ќе се сретнеме и веќе ги поканив таа средба да биде во Владата. Јас немам ништо против Сејдини, но тој треба да ги почитува законите. Не може раководството да го бираат делегати од општински фудбалски организации (ОФС), а да не го прават тоа членовите на фудбалските клубови. Јас само упатив апел челниците од ФФМ да го почитуваат Законот, а не да работат на своја рака. Лично немам ништо против Мети, ниту го сакам неговото место, ниту имам некој свој за таа позиција. Едноставно еве и од овде повикувам да се почитуваат законите, рече Заев во интервјуто за ТВ Клан.