С. Македонија има сериозен напредок од 25 места нагоре на Глобалниот иновациски индекс за 2019 година, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој на Фејсбук го појасни овој скок:

– Се наоѓаме на 59-то место, во однос на 84-то од минатата година. Глобалниот иновациски индекс ги рангира светски економии преку политичката и бизнис клима, законодавството, човечкиот капитал, инфраструктурата, софистицираноста на пазарот и др. Во однос на бизнис климата, С. Македонија е рангирана на 27-мо место, а во однос на онлајн креативноста на 45-то место од вкупно 129 рангирани земји. Ова е уште еден доказ дека економските политики на Владата ги даваат резултатите, а иновативноста е моторот што ја движи економијата напред, напиша Заев на официјалниот Фејсбук профил.