Скокот од 15,6 отсто на извозот на стоки и услуги значи дека бизнисите произведуваат повеќе и ги пласираат нашите производи на странските пазари, објави денеска премиерот Зоран Заев.

– Владата го поддржува стопанството и економскиот раст, бидејќи тоа ќе значи повисок животен стандард и подобар живот за граѓаните, напиша Заев на Фејсбук.

Инаку денеска во Стопанска комора е објавено дека извезуваат во странство само 5 отсто од македонските фирми. Исто така, денеска е објавено дека во првата половина од годинава има пад од 84 отсто на странските инвестиции, во година која од Заев и СДСМ беше прогласена за ударно економска.