Носиме инвестиции во секое населено место, за младите да останат во Кавадарци, изјави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на митингот во Кавадарци.

– Во следните четири години се посветуваме на градење силна економија, овде, во Кавадарци, но и во секоја друга општина, локалната економија е важна, таа е двигател на животот, особено кога е насочена во ист правец како и државната. Така се работи државнички, чесно и одговорно, рече покрај другото Заев.

Тој додаде дека „граѓаните се мудри, граѓаните знаат да измерат и да оценат“.

– Гледаат граѓаните и знаат, кој за четири години изгради 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, а кој постави 300 споменици, гипс картон, палми и жални врби. Гледаат граѓаните и прават разлика и таа разлика ќе ја потврдат на денот на изборите, рече Заев, барајќи поддршка за нивниот кандидат за градоначалник.

Граѓаните се мудри, граѓаните знаат… Еден од проектите за време на власта која ја предводи Заев е и проектот од 83.000 евра за тренирање магаре во едно од средните училишта во Кавадарци.