„Ние засега, споредено со други земји успешно „танцуваме” затоа што кај нас Р факторот е се уште низок, ако се зголеми нагло ќе мора да ги стегнеме мерките. Верувам дека благодарение на стручните луѓе на институциите успешно се справуваме со кризата. Драго ми е што луѓето им веруваат на институциите и така треба да продолжиме, изјави вчера Зоран Заев во интервјуто на Канал 5.

Денеска, Владата донесе мерка според која во Куманово од вечерва се воведува целосен полициски час за време на викендот, а од понеделник полицискиот час ќе започнува во 16 часот.