Треба сите да се промениме, сите да се реформираме, објави денеска на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

– Сите ќе треба двојно повеќе да работиме, двојно повеќе да направиме и да сме двојно подобри. Промените и реформите не ги носи една влада или 20 луѓе, туку сите два милиони граѓани. Треба сите да се промениме, сите да се реформираме. За да немаме загадување, треба да престанеме да загадуваме. За да немаме корупција, треба да престанеме да нудиме и прифаќаме поткуп. За да не си одат младите, треба да отвораме уште повеќе работни места. За да нѐ биде, мора да нѐ бива. Од нас зависи, од сите нас, објави Заев.