Во првиот дел од средбата со државниот врв се разговорало за усвојување на декларација со која ќе се потврдат заложбите за евроинтегративниот пат, што добило согласност од сите лидери. Христијан Мицкоски побарал од лидерите да се реагира на декларацијата на бугарската Влада која што усогласи документ во која се наведуваат серија услови и закани за блокада на Скопје на патот кон ЕУ, меѓу другото и дека не смее да се споменуваат македонскиот јазик. Начелно на тоа се согласиле останатите лидери.

Во вториот дел ќе се договара датумот за избори, а според информациите од опозиционата партија, позициите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и поаѓаат од тоа дека изборите се логичен след по поразите на оваа Влада. Изборите да бидат организирани согласно уставните и законските норми, но и дека нема време за губење, особено што следува период на реформи кои мора да обезбедат напредок.