Децата мора да бидат наш најважен приоритет. Тие тоа го очекуваат од нас. Тие тоа го заслужуваат. Да им овозможиме детето да биде дете, порачува бившиот премиер Зоран Заев.

Експремиерот во пораката по повод Детската недела не пропушта да ја истакне дека за децата се грижи и фондацијата која тој ја основа.

– По повод Детската недела која годинава се одбележува под мотото „Борете се за детските права“, Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ со финансиска и морална поддршка ја помага активноста за одбележување на Неделата на детето од страна на ЈОУГД „Детска радост“ – Струмица, во која се вклучени 350 деца од големите групи на оваа институција. Декларацијата за правата на детето е донесена пред 33 години од Генералното собрание на Обединетите нации. Македонскиот потпис на оваа Декларација ни дава до знаење дека сме должни да ги почитуваме правата на детето како неделив сегмент од севкупните човекови права, пишува Заев во обвјавата на неговиот профил на Фејсбук.

Заев, освен моралната помош на сите деца, годинава на своето дете му обезбеди компанија за производство на електрична енергија.