Јас сум чист како бел ден, самоуверено рече бившиот премиер и лидер на СДСМ во вечерашниот дуел со лидерот на ВМР-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ова Заев го кажа во репликите и контрарепликите за криминалната афера Рекет, за која Заев тврди дека ја открил и ја пријавил кај јавниот обвинител, како и за повеќе други случаи на рекет, корупција и како постапувале правосудните органи.

ТВ дуелот меѓу Мицкоски и Заев е во тек на ТВ Канал 5.