За првпат во земјава ќе има сериозно производство на домашно пилешко месо со запазување на најсовремените пракси за безбедност на храна, објави пред малку премиерот Зоран Заев.

– На овој начин не само што ќе имаме намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, туку се отвора и можност за извоз на странските пазари и отворање нови работни места, објавува Заев на официјалниот профил на Фејсбук.

Тој во објавата го додава хашѕагот #ФрешФуд.

А името на „земјата во која за првпат сериозно ќе јадеме пилешко месо“ е означена со симболчиња – знаменце на Република Македонија, која е тешко да се каже „северна“ поради Македонците или без „северна“ поради странците.

(Д.Г.)