Не можете да сакате да влезете во ЕУ и да го демократизирате општеството, а во исто време да славите еден од најмрачните диктатори – Тито, изјави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Таа повтори дека Македонија не е подготвена да започне преговори со ЕУ и го обвини Скопје за ширење омраза кон Бугарија.

– Од една страна, не можете да сакате да влезете во ЕУ и да го демократизирате општеството, а во исто време да славите еден од најмрачните диктатори – Тито. Ако продолжиме да ги затвораме очите кон фактот дека оваа земја продолжува како што замислиле Тито и Сталин, ние со тоа и вршиме услуга на Москва, изјави Захариева.

Таа го изјавува ова два дена пред седницата на министрите за надворешни работи на ЕУ, на која треба да се разговара и усвои рамката за преговори за Македонија, со цел, според претходните најави, преговорите да може да започнат на крајот на годината.

И премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е „извесно е дека Бугарија ќе стави вето за почеток на преговорите на С. Македонија со Европската Унија“ и дека за овој потег „го подготвил македонскиот народ“.