Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Русија најостро го осудува американскиот воздушен напад во Сирија во близина на ирачката граница.

– Најостро ги осудуваме таквите акции. Повикуваме на безусловно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија, посочи Захарова.

Таа повтори дека е неприфатлив секој одбид за претворање на сириската територија во арена за постигнување на геополитички поени.

Кремљ соошти дека внимателно ја следат ситуацијата во Сирија и оти е во постојан контакт со сириските власти.

Американскиот претседател Џо Бајден нареди воздушен напад врз позициите на проиранските милиции во источна Сирија, при што загинаа најмалку 17 припадници на коалицијата на проирански и ирачки паравоени формации.

Претходно, портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека „по наредба на претседателот Бајден, американската војска изврши воздушни напади врз инфраструктурата што ја користеа милитантни групи поддржани од Иран во источна Сирија“.

Тој додаде дека Бајден ќе дејствува за да ги заштити американските и коалициските трупи и оти САД ќе дејствуваат на одреден начин со цел да се деескалира состојба во источна Сирија и во Ирак.

Тоа е прва воена операција на администрацијата на Бајден.